Јас сум Данаил, дипломиран тренер на Факултетот за спорт во Љубљана, сертифициран нутриционист и моментално на мастер студии (Kинезиологија).
Со моето ONLINE Менторство им помагам на луѓето да влезат во животна форма, да ја подобрат својата здравствена состојба и да имаат драстично поквалитетен живот.
Персонализиран тренинг програм, кој е детално осмислен, периодизиран и прилагоден според вашите можности и цели. Во тренинг програмот се јасно претставени вежбите,сериите и бројот на повторувања како и интензитетот на истите. Програмот се коригира од недела во недела, во зависност од резултатите кои ги постигнувате на самите тренинзи и повратните информации кои ги добивам од ваша страна. Што значи дека не добиваш само список на вежби и бројки, но истиот тренажен процес се прати и се менува во склад со напредокот, што е клучно за постигнување на врвни резултати.
Детален план на исхрана, кој е максимално индивидуално прилагоден според твоите потреби на организамот и моменталната цел што ја имаш. Јасно е напишана количината на намирниците, комбинацијата, тајмингот на оброци(кој е прилагоден според твојата дневна организација). Планот се променува на неделно ниво во склад со напредокот и повратните информации од ваша страна.
Следење на тренажниот процес, каде вашиот напредок се прати и бележи и во склад со тоа се прават измени во самиот тренинг програм. Сево ова ни дава објективни резултати за тоа како напредуваме, што е показател дека сме на правиот пат и е додатно мотивирачки и охрабрувачки да го дадете својот максимум.
Стална комуникација, каде имате ментор(тренер) кој ве води низ целиот овој процес и секогаш е достапен за секакви прашања, совети, потешкотии и предизвици. Знаејќи дека имате некој со вас на оваа животна трансформација е непроценливо важен елемент за успех.
Корекција на самото изведување на вежбите, каде ми праќате видео снимки од самото изведување на вежбите и добивате повратна информација и корекција на самите вежби. Тоа ќе ни гарантира дека тренираме со максимално добра техника за максимален напредок и превенција од повреди.
Еве неколку искуства од клиенти кои ми имаат укажано доверба
Svaka preporuka za saradnju sa Danailom, velika stručnost i izuzetan karakter.

Имав доверба во тебе уште на самиот почеток и се немам покајано. А резултатите се одраз на промената на животниот стил, благодарејќи на тебе.
Соработката со Данаил беше одлична и ми даде нов поглед во самото физичко здравје. Имав константна поддршка и чест ми е што соработував со млад тренер, кој е посветен, вреден, поседува знаење и секогаш е тука за што и да треба.
Соработката со Данаил е најдобрата инвестиција во сопственото здравје.
Резултати од клиенти кои решиле да направат промена и имаат останато доследни на самиот процес








Најпрвин ме контактираш доколку имаш било какви додатни прашања во врска со менторството и притоа си спремен/на да издоминираш во целиот процес.
По уплатата ти испраќам прашалник, каде ќе ги добијам сите потребни информации од твоја страна со цел да направам почетен програм за тренинг и исхрана, прилагоден според твоите цели, можности, здравствена состојба, слободно време во текот на денот… Зошто почетен план на тренинг и исхрана? Бидејќи самиот план ќе се прилагодува во зависност од повратните информации кои ќе ги добивам од твоја страна.
Преку неделни извештаи го пратиме напредокот и во склад со тоа правиме промени во планот за следна недела. Правеме манипулации во волуменот, интензитетот на тренинг, комбинација на намирници, количина на храна итн., како би имале најоптимален напредок. Затоа ова е комплетно МЕНТОРСТВО.
Достапен сум за секакви прашања, потешкотии, предизвици, совети околу спремањето на храна, тренинг и се друго што те интересира. Константно комуницираме преку What’s app или Viber и ми испраќаш видео снимки од изведување на вежби, со цел да бидеме сигурни дека работиме макасимално технично исправно.
По истекување на менторскиот програм (важи за сите пакети), соработката може да се продолжи по нешто поповолна цена секој нареден пат.
Овде се наоѓаат одговорите на најчесто поставуваните прашања во врска со самото менторство
Од искуство во работа со луѓе, после 3-4 недели имаме видливи резултати, а за 12 недели може да очекуваме сериозни резултати.
Дефинитивно, секој сегмент од планот е прилагоден според моменталните можности, животни околности и затоа максимално се прилагодуваме.
Апсолутно можеш, битна е желбата за напредок и посветеноста, сѐ останато препушти го на мене.
За секој што сака да направи животна трансформација, да ја подобри својата здравствена состојба и да ја подигне својата физичка спремност на следно ниво.
Дефинитивно, самата исхрана е максимално прилагодена според преферензите и целта што ја имаме. Да јадеме нешто што не сакаме, не доаѓа во обзир.
Во зависност од каде ќе ја извршете трансакцијата, може преку банкарска сметка (Од Македонија и од странство), како и преку апликациите western union или paypal.
Доколку имаш подетални прашања во врска со нашата соработа или пак имаш да споделиш важни информации кои ќе бидат од значај, слободно можеш да закажеш термин за бесплатна видео консултација. По закажувањето, на маил ви стигнува линк од zoom и се вклучувате во закажаниот термин. Тука ги разнаснуваме сите недоразбирања, прашања, се запознавам со вашата моментална состојба и се договараме околу тоа како ќе тече самиот процес.
За сите додатни прашања во врска со начинот на функционирање, стојам на располагање (e-mail, instagram, видео консултација).