Персонализиран тренинг програм, кој е детално осмислен, периодизиран и прилагоден според вашите можности и цели. Во тренинг програмот се јасно претставени вежбите,сериите и бројот на повторувања како и интензитетот на истите. Програмот се коригира од недела во недела, во зависност од резултатите кои ги постигнувате на самите тренинзи и повратните информации кои ги добивам од ваша страна. Што значи дека не добиваш само список на вежби и бројки, но истиот тренажен процес се прати и се менува во склад со напредокот, што е клучно за постигнување на врвни резултати.
Детален план на исхрана, кој е максимално индивидуално прилагоден според твоите потреби на организамот и моменталната цел што ја имаш. Јасно е напишана количината на намирниците, комбинацијата, тајмингот на оброци(кој е прилагоден според твојата дневна организација). Планот се променува на неделно ниво во склад со напредокот и повратните информации од ваша страна.
Следење на тренажниот процес, каде вашиот напредок се прати и бележи и во склад со тоа се прават измени во самиот тренинг програм. Сево ова ни дава објективни резултати за тоа како напредуваме, што е показател дека сме на правиот пат и е додатно мотивирачки и охрабрувачки да го дадете својот максимум.
Стална комуникација, каде имате ментор(тренер) кој ве води низ целиот овој процес и секогаш е достапен за секакви прашања, совети, потешкотии и предизвици. Знаејќи дека имате некој со вас на оваа животна трансформација е непроценливо важен елемент за успех.
Корекција на самото изведување на вежбите, каде ми праќате видео снимки од самото изведување на вежбите и добивате повратна информација и корекција на самите вежби. Тоа ќе ни гарантира дека тренираме со максимално добра техника за максимален напредок и превенција од повреди.